top of page

Филозофија за производство на вино

Добрите вина се прават на лозовите насади
Image by Alex Gorbi
Лозарство

Тајната за правење одлично вино е одлично грозје - чисто и едноставно.

Растено во античките почви на регионот Тиквеш , нашето вино потекнува повеќе од срцето на земјата отколку рацете на енологот. 

Нашиот пристап во лозовите насади се заснова на почит, интегритет и знаење. Овие вредности ја формираат основата на нашата лозарска филозофија и ни овозможуваат постојано да останеме водечки глас во македонската винска индустрија. Наша работа е да ги заштитиме, негуваме и почитуваме античките почви на кои се одгледуваат нашите лози, бидејќи само здрави лози можат да направат одлично вино.

Заедно со многу трпеливи и умешни раце, со нашите почви и приноси внимателно управува модерна лозарска технологија. Ние спроведуваме иновација, користејќи прецизни техники за лозарство.

 

Нашата постојана инвестиција во технологија за прецизно лозарство ни овозможува да ги мапираме најдобрите парцели од нашите лозови насади, па дури и нашите најдобри редови. Користејќи ја оваа технологија, заедно со нашето интимно разбирање за земјата, обработуваме неверојатни микро-локации што создаваат прекрасни вина.

Нашата длабока конекција и разбирање на лозовите насади е поттикната од нашиот неверојатен тим за лозарство кој правува со нашите лозови насади 365 дена во годината.

Винарство

Ние веруваме дека секое одлично вино треба да биде индивидуален израз на време, место и труд. 

Убавина и предизвик на секоја берба.

Голем дел од грозјето се бере рачно и во раните утрински часови. Максимална контрола од берба до преработка со цел зачувување на природните ароми и карактеристики на гроздот. 

Минимална интервенција во процесот на производство.

Експертиза и знаење створена како последица од нашата љубов кон земјата. Истовремено не се плашиме да ги надминеме границите на познатото и да експериментираме за да го подобриме квалитетот на нашите вина.

Во винаријата управуваме со внимателна рамнотежа од традиција и иновација; користејќи традиционални техники поддржани со современа технологија. 

Пристапот за производство на вино во винаријата стреми да ја отслика лозата, бербата и регионот, веродостојно. 


Нашите вина се вкусни и совршени партнери за храна и специјални пригоди. Нивната текстура, комплексност, рамнотежа и уникатност ги возбудуваат сите сетила.  

Вината што ги правиме се исто како нас - прогресивни и независни.

Image by Lasseter Winery

Нашите лозови насади

Повеќе од 850 ха сопствени лозови насади стратегиски распространети на четири под-региони низ исконскиот Тиквешки регион.  

Изложен на Медитеранска клима од југ и континентална од север Тиквешкиот регион претставува динамично поле за работа и производство на вина од различен карактер.

bottom of page