Трговија на големо
Нашата трговска листа на вино го опфаќа целиот спектар на цени и стилови дефинирани со квалитет. Како темел на нашето портфолио се конкурентните цени и незаменливата услуга.
Нашата цел е да бидеме повеќе од произведители на вино. Ние дејствуваме како ценет партнер, и ви нудиме не само одлични вина, туку и незаменлива услуга и знаење.
Повеќе за нашите клиенти во однос на обука за презентација и продажба на вино. За нас успехот се состои во квалитетот на услуга и задоволството на нашите клиенти.
ГД Тиквеш
БРЗА ДОСТАВА
Винаријата во Трстеник има илјадници шишиња на располагање за непосредна достава, обезбедувајќи испорака следниот ден за домашни нарачки. Без минимална вредност или количина на нарачката.
Со нашата дистрибутивна мрежа и сопствените возила за испорака обезбедуваме брза и ефикасна достава на домашниот пазар во сите градови на Македонија.
ПРОДАЖБА И ОБУКА
Нашиот тим за меѓународна продажба е составен од експерти од винската сцена кои ги разбираат вашите деловни потреби и се страствени за виното. За нив, виното е повеќе од само производ, тоа е начин на живот, а нивната цел е да му помогнат на вашиот бизнис. Ние исто така нудиме обука на персонал со орагнизирање на дегустации, посета на винаријата и активности за градење на успешен тим.
МАРКЕТИНГ ПОДДРШКА
Продажбата на вино мора да биде интерактивна и забавна. Значи, без разлика дали станува збор за дегустации од големи размери, интимни вечери, тематски ноќи на вино, авантури за дегустација на вино на отворено или присуство на берба - сето тоа можеме да го организираме за да ви помогнеме да го пласирате нашето вино.
ЗАГАРАНТИРАНА ЗАЛИХА
Илјадници шишиња залиха се чуваат во нашите визби во Трстеник. Загарантирана залиха на вино и континуитет во секој месец од годината.
Ваш ценет партнер
Ние знаеме дека услугата со добар квалитет е од витално значење за успешен бизнис и гледаме да воспоставиме долгорочни, поддржувачки односи со нашите клиенти.
Без разлика дали сте маалски супермаркет, локален бар, врвен ресторан, независен трговец на вино или локален дистрибутер, нашето знаење за производите, винската индустријата ќе ви помогне да бидете успешни.