top of page
Image by Andrea Cairone

Независни и горди од 1999

Нашата приказна

Каде бевме,
Каде одиме.

Симбол за квалитет на Балканот со децении. 

Повеќе од 60 години МИЛЕВ ужива репутација како една од најзначајните компании за модерно лозарство во Македонија. 

Првите лозови насади на МИЛЕВ се наменети за производство на високо квалитетно грозје. Суровиот материјал подоцна користен од винариите во Југославија предизвикувал почит и воодушевување кое што инспирирало и сеуште мотивира многу од сегашните енолози. Денес, МИЛЕВ сеуште претставува симбол за сигурен и проверен квалитет на Балканскиот Полуостров. 

Антички почви богати со историја и приказни пренесувани со генерации ...

 

Виновата лоза се одгледува во Тиквешкиот регион уште од 4 век п.н.е. Античките почви кои сега се дел од насадите МИЛЕВ се богати со историја на лоза и лозарство со векови.

 

 

Родното место на премиум македонско грозје ...

 

Во време кога големата индустрија и комерцијалното производство на наливно вино беа единствениот фокус, МИЛЕВ постепено воспоставуваше одржлива филозофија на лозарството која што го става здравјето на лозата на прво место. Низ годините, МИЛЕВ изгради нова филозофија на лозарството за Македонија, фокусирајќи се на одржливоста, квалитетот и почитувањето на античките почви на Тиквешкиот регион.

 

Нашата работа е да бидеме чувар на земјата, да ги признаваме луѓето како претходни чувари со почит и да ги чуваме античките почви што ја негуваат нашата винова лоза во овој историски регион. Ние веруваме дека ова е најчистата форма на правење вино во однос на местото, климата и најубавите земјишта на Балканот.

 

Каде одиме

 

И покрај почитта кон традиционалните практики на производство на вино кои се дел од нашата приказна, МИЛЕВ истовремено бележи и неверојатни трансформации во однос на технологијата која ни донесе ефикасност во винарија и значително подобар квалитет. Но, целта на МИЛЕВ отсекогаш била да расте здраво, исклучително добро Тиквешко овошје и производство на класични вина во тиквешки стил.

 

МИЛЕВ ќе остане прогресивна винарија која ќе продолжи да биде водечки снабдувач на квалитетно грозје и македонски вина на одбрани пазари ширум светот.

 

Приказните што ги раскажуваме се дел од нашата богата историја, пренесени со генерации и прераскажани од семејствата кои работат со нас.

Ние сме гордото минато и возбудливата иднина на македонското вино. Со нашата следна генерација, ја одржуваме традицијата и создаваме нови вински приказни.

Image by Damien DUFOUR Photographie
Our Story
Image by Zbynek Burival
Винарство

Добрата лоза прави добро вино

Аманетот оставен од нашите предци дека виното може да биде добро само колку и грозјето сеуште претставува темел врз кои ги носиме сите важни одлуки. 

 

Нашиот пристап за лозата се заснова на почит, интегритет и знаење.

Ние го комбинираме нашето разбирање за лозата и долгата историја на одгледување овошје во Тиквешкиот регион, модерно земјоделство и одржливи практики, за производство на грозје кое што интензивно зборува за тероарот.

Ние веруваме дека секое одлично вино треба да го изрази своето индивидуално олицетворение на време, место и труд - каде што лозјето се препознава по виното и обратно.

Го споделуваме НАЈДОБРОТО од Македонија

Bulk Wine Tanks GD Tikevs Winery

Со сите аспекти на производство на вино се работи на лице место во винаријата МИЛЕВ во Трстеник, Македонија.

Ова овозможува максимална контрола над сите аспекти на процесот на производство на вино.

Винарија

part%20of%20the%20same%20shoot%20killing

Постојат четири микро региони од кои МИЛЕВ ги добива своите плодови.

Секое лозје произведува изразито различни карактеристики на грозје од лоза на возраст од помалку од

5 до 100 години.

Лозови насади

Нашиот тим

Со текот на годините изградивме тим полн со знаење, страст и вистинска посветеност.

 

Постојат многу талентирани и трпеливи раце кои ни помагаат да управуваме со лозјата, да ги правиме нашите вина и да ја водиме нашата деловна активност. Иако е невозможно да ги наведеме сите, ние сме благодарни на секоја личност која работи со нас.

 

Над се, ние сме едноставно една група добри луѓе кои сакаат добро вино. Живееме за семејство и љубовта кон виното. Ова е нашата тимска филозофија на минатите генерации и на следните што идат.

Risto_Milev_intervju.jpeg
Ристо Милев
  • Facebook

Директор на лозарство

IMG_4472_edited.jpg
Трајко Настов
  • LinkedIn
  • Facebook

Менаџер за извоз

IMG_8430.JPG
Ване Наумов
  • LinkedIn
  • Facebook

Менаџер за финансии

Image by Michael Dam
Кристина Калугерова
  • LinkedIn
  • Facebook

Поддршка за клиенти

Image by Foto  Sushi
Драган Рангелов
  • Facebook

Главен енолог

Meet Team

Повеќе од 60 години одгледување на винова лоза

GD - Fiano.png
GD - Traminer.png
GD - Cab Franc.png
GD - Muscat Rose.png
bottom of page